Иконскиот бел фустан кој Мерилин Монро го носеше во филмот „The Seven Year Itch“ достигна шестцифрена сума на аукција на значајни филмски предмети и костими.

Фустанот беше продаден во саботата за точно 4,6 милиони долари, двојно повеќе од проценката на експертите.
Иако белиот фустан којшто ги откри нозете на Мерилин беше вистински хит, и два други фустани на познатата русокоса ѕвезда достигнаа висока цена.

Црвениот блескав фустан од „Gentlemen Prefer Blondes“ беше продаден за 1,2 милиони долари, а нејзин костим од филмот „River of No Return“ достигна цена од 510 000 долари.

Аукцијата вклучуваше предмети и костими од големата колекција на Деби Рејнолдс. Колекцијата на оваа популарна американската актерка е составена од вкупно 3500 костими, 20 000 оригинални фотографии и неколку илјади филмски постери и реквизити.