Бен Афлек има нова љубов.
47-годишниот актер беше фотографиран на романтична прошетка со Ана де Армас. Тие изгледаа заљубено и среќно додека босоноги чекореа по песочна плажа во Костарика.
31-годишната актерка носеше фустан од Cult Gaia.
Бен и Ана се запознаа на снимањето на трилерот „Deep Water“. Гласните дека се во врска се засилија минатата недела кога тие заедно отпатуваа во Хавана, Куба.
Претходно, славниот актер беше во брак со Џенифер Гарнер, со која поднесоа документи за развод во 2017 година. Заедно, тие имаат три деца.