Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Го пропуштив мамограмот поради Ковид“: Мајката на Бијонсе сподели дека се бореше со рак на дојка

„Го пропуштив мамограмот поради Ковид“: Мајката на Бијонсе сподели дека се бореше со рак на дојка

Тина Ноулс се отвори за здравствените проблеми со кои се соочуваше изминатиот период.

71-годишната мајка на Бијонсе сподели дека се борела со рак на дојка и дека минала низ операција за отстранување на туморот. Таа сега е во добра здравствена состојба и е среќна што оваа подмолна болест ѝ била откриена навреме.

„Сега сум добро. Немам рак и се чувствувам благословена што Бог ми помогна да го најдам толку рано“ – изјавила таа.

Тина Ноулс

Тина вели дека го пропуштила прегледот со мамограф поради пандемијата со Ковид-19. „Заборавив дека не отидов да се тестирам две години пред да ми го откријат туморот, затоа што се појави Ковид и ми го откажаа прегледот. Ми рекоа дека ќе се јават кога ќе започнат со нови тестирања. И во мојата глава ми остана дека веќе го направив тестот“ – вели таа.

Ноулс апелира до жените да се прегледуваат навремено, бидејќи доколку не го пропуштела прегледот ќе го откриела ракот во 0 стадиум, а не во први. „Не знаев дека постои 0 стадиум. Можев да ја фатам болеста во 0 стадиум ако не го пропуштев мамограмот, но го пропуштив поради Ковид“ – дополнува таа во интервју за People.

Тина Ноулс

Тина е мајка на Бијонсе и Соланж Ноулс. И таткото на Бијонсе и Соланж се бореше со рак на дојка во прв стадиум. Тој го носи генот BRCA2, кој го зголемува ризикот од појава на овој тип на рак.

Тина Ноулс Тина Ноулс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.