Ана де Армас ги насочи сите погледи кон себе на црвениот тепих во Венеција на светската премиера на „Blonde“.
34-годишната актерка, која во филмот на Ендрју Доминик влезе во улогата на русокосата Мерилин Монро, изгледаше сензационално во розова креација од Луј Витон.
Убавата холивудска ѕвезда позираше со продуцентот Бред Пит, кој ѝ аплаудираше, а се фотографираше и со филмската екипа и режисерот.
По проекцијата, „Blonde“ доби 14-минутен аплауз кој ја расплака Ана.
Филмот кој го следи животот на Мерилин, чие вистинско име е Норма Џин, ќе започне да се прикажува на Netflix на 28 септември.