Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина сопругот на Селин Дион по долга битка со рак

Почина сопругот на Селин Дион по долга битка со рак

Рене Анжелил, сопругот на Селин Дион, почина по долгогодишна битка со рак на грлото. Веста за смртта на верниот партнер и менаџер на Дион беше потврдена преку соопштение за медиумите.

На 73-годишниот Рене му беше дијагностициран рак на грлото во 1998 година. Минатата година неговата здравствена состојба се влоши и Селин направи пауза во кариерата за да може да се грижи за него. Пред неколку месеци популарната пејачка сподели дека на Рене не му преостануваат многу месеци живот.

Селин и Рене

„Му велам: Се плашиш ли? Разбирам, зборувај со мене за тоа... А, Рене ми вели: Сакам да умрам во твоите раце. Во ред, добро, ќе бидам таму, ќе умреш во моите раце“ – раскажа неодамна 47-годишната пејачка.

Рене и Селин се запознаа во 1980 година, кога таа имаше 12 години, а стапија во брак во 1994 година. Парот има три деца – 15-годишниот Рене-Чарлс и 5-годишните близнаци Нелсон и Еди.

Селин и Рене Селин и Рене Селин и Рене Селин и Рене Селин и Рене

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.