Коби Брајант замина во спортските легенди. Успешниот кошаркар загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас. Имаше 41 година.
Трагичната вест ја објави сајтот TMZ, кој стигна до информации дека Коби патувал со најмалку три други лица и дека сите биле пронајдени мртви.
Започната е истрага за причините за несреќата.
Коби, кој е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, беше во брак со Ванеса Брајант и татко на четири девојчиња – Наталија, Џиана, Бјанка и Капри.
Неговата најмала ќерка се роди во јуни минатата година.