По прераната смрт на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана, многу од неговите обожаватели се навратија на краткиот филм посветен на неговата љубов кон кошарката.
Имено, во 2015 година, Коби најави дека ќе се пензионира со поема насловена „Dear Basketball“, која подоцна беше претворена во краток анимиран филм. Токму за тоа инспиративно дело, легендарниот кошаркар освои Оскар во 2018 година.