Бијонсе го отвори настанот „Celebration of Life“ во чест на прерано починатиот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.
„Овде сум затоа што го сакам Коби и ова беше една од неговите омилени песни“ – рече Бијонсе пред да ја отпее „XO“.
38-годишната пејачка ја изведе и „Halo“ во „Стејплс Центарот“ во Лос Анџелес.
Коби и Џиана ги загубија животите во трагична хеликоптерска несреќа заедно со уште седум други лица.