Коби Брајант постхумно беше примен во Куќата на славните.
По тој повод, беше одржан настан на кој присуствуваше и одржа емотивен говор неговата сопруга Ванеса. Таа беше придружувана од ќеркичките Бјанка и Капри. Двете девојчиња носеа фустанчиња од Долче и Габана.
Церемонијата требаше да се одржи лани, но поради пандемијата со КОВИД-19, беше одложена за изминатиов викенд. На сцената, покрај Ванеса стоеше Мајкл Џордан, на кого Коби се огледуваше уште од мали нозе.
„Посакувам мојот сопруг да беше тука за да ја прифати оваа неверојатна награда. Тој и Џиџи заслужуваа да бидат тука за да го видат ова. Џиџи ќе беше многу горда што нејзиниот татко се запиша во Куќата на славните“ – рече Ванеса пред да му се заблагодари на покојниот Коби за сè што правел за семејството.
„Драг Коби, ти благодарам што беше најдобриот сопруг и татко што можеше да бидеш. Ти благодарам што растеше и учеше од твоите грешки. Ти благодарам што секогаш се трудеше да бидеш најдобар. Ти благодарам што никогаш не се откажа од нас. Ти благодарам за целиот твој труд. Ти благодарам за нашето семејство, благодарам за нашите ќерки Наталија, Џијана, Бјанка и Капри. Ти благодарам што стануваше во 4 наутро за да тренираш и успеваше да се вратиш дома за да ме бакнеш за добро утро и за да ги одвезеш девојчињата на училиште... Ти благодарам што никогаш не пропушти роденден, приредба или натпревар кој нашите ќерки го играа во твојот дозволен распоред... Ти благодарам што ме сакаше доволно за да ми трае многу животи и секој живот те избирам тебе.“
„Успеа. Сега си во Куќата на славните, ти си вистински шампион. Се гордеам со тебе. Засекогаш ќе те сакам“ – рече Ванеса со растреперен глас.
Видео
Во петокот, 18-годишната Наталија доби јакна и прстен кои требаше да му припаднат на Коби.
Ванеса и Коби се родители на четири ќерки. За жал, Џиџи почина заедно со Коби во хеликоптерската несреќа во Калабасис во јануари минатата година.