Бритни Спирс и Кети Пери блескаа во сино на синиот тепих на премиерата на „The Smurfs 2“. Двете поп-ѕвезди црпеа модна инспирација од изгледот на малите Штрумфови.
За свечениот настан, Бритни избра тесен краток фустан на Herve Leger и црни обувки од Saint Laurent. Русокосата пејачка ја придружуваа нејзините синови – 6-годишниот Џејден Џејмс и 7-годишниот Шон Престон.
Бритни се вклучи во саундтракот на филмот за сините фиктивни суштества со песната „Ooh La La“.
Кети Пери, која ѝ го позајмува гласот на Штрумфета, се појави во темносин фустан на Tadashi Shoji. За поддршка Кети ја имаше покрај себе својата баба, Ен Хадсон.
На премиерата присуствуваа и Нил Патрик Харис и Дејвид Буртка со нивните близначиња Харпер и Гидеон, како и Кристина Ричи.