Недискутабилно е дека „Fifty Shades of Grey“ ќе привлече милионска публика. За уште повеќе да го подгрее љубопитството на бројните фанови, екипата што стои зад долгоочекуваниот еротски филм објави клип од една од првите средби на Кристијан Греј и Анастасија Стил.
Во видеото, Греј се снабдува со потребните материјали, како црвено јаже, за палавите сексуални игри во Црвената соба, додека Стил љубезно го услужува.
А еве го и спотот кој беше прикажан за време на вчерашниот Super Bowl:
„Fifty Shades of Grey“ ќе започне да се прикажува во кината на 13 февруари.