Пинк не можеше да скрие дека е згрозена од коментарите кои ги доби на фотографија со двете деца.
Пред неколку дена, 39-годишната пејачка сподели фотографија на која со синчето и ќеркичката хранат пеликан покрај базен. Но, Пинк не забележала дека нејзиниот син Џејмисон ја соблекол пелената и дека му се гледаат интимните делови.
Некои од нејзините фанови веднаш побрзале да искоментираат за тоа, па дури и имало критики упатени кон неа затоа што му направила обрежување на пенисот на синчето.
Пинк веднаш ја избриша оригиналната фотографија од Instagram и постави нова, на која интимните делови на Џејмисон се покриени со црни линии. Во описот, таа го искажа својот гнев кон „одвратните тролови“ на социјалните мрежи. Еве го нејзиниот коментар:
Нешто сериозно не е во ред со многумина од вас. Кревате врева за пенисот на моето бебе? За обрежување??? Дали навистина го мислите тоа? Како и секоја нормална мајка на плажа, дури не ни забележав дека тој ја извадил пелената за пливање.
Ја избришав фотографијата, бидејќи сите вие сте проклето одвратни. А сега ќе ги исклучам моите коментари, нишајќи ја главата поради состојбата на социјалните мрежи, борците на тастатури и негативноста која ја носите во туѓите животи. Нешто сериозно не е во ред со многумина од вас.
Еве ви фотографија од пеликан, кој очигледно го уловивме и го измачувавме со часови пред да му го ставиме пенисот на бебето пред неговото лице.
Пинк ги забрани коментарите на фотографијата, но дискусиите и критиките за обрежувањето продолжуваат да се редат на останатите нејзини објави.



Додека едни ги критикуваат одлуките на славната музичарка, други застануваат во нејзина заштита и се прашуваат како некој воопшто забележал дека кожичката на пенисот на нејзиното малечко е отстранета.