Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пејачка во инвалидска количка ќе ја претставува Русија на Евровизија, слушнете ја песната

Пејачка во инвалидска количка ќе ја претставува Русија на Евровизија, слушнете ја песната

Пред неколку дена стана јасно дека Русија ќе биде претставувана на Евровизија од Јулија Самоилова, девојка која не дозволува хендикепот да ја спречи да си ги оствари соништата.

Јулија Самоилова Јулија Самоилова

27-годишната пејачка е во инвалидска количка уште од своето детство, бидејќи поради спинална мускулна атрофија таа ја има изгубено способноста да се движи. Во 2013 година, Јулија го освои второто место во шоуто „Фактор А“, руска верзија на „The X Factor“, а во 2014 година таа учествуваше во церемонијата на отворањето на Зимската Параолимпијада.

Јулија Самоилова Јулија Самоилова Јулија Самоилова Јулија Самоилова

Годинава, Самоилова ќе ја претставува својата татковина на Евровизија со песната „Flame Is Burning“ во втората полуфинална вечер на 11 мај во Киев.

Видео од „Flame Is Burning“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.