Јана Бурческа интензивно се подготвува за евровизискиот настап во Киев. Македонската претставничка ја одржа првата проба на големата сцена и веќе се објавени фотографиите и кратко видео од настапот.
„Љубовта е сè што ти треба на крајот на денот. Иако сакаме да танцуваме сами, продолжуваме да бараме некој со кого ќе можеме да танцуваме“ – изјавила Јана по пробата.
Видео
Tреба да се напомене дека ова не е стајлингот со кој нашата пејачка ќе се престави пред публиката. Се очекува таа да носи креација од Антонија Ристовска.
Јана ќе настапи со „Dance Alone“ во рамките на втората полуфинална вечер на 11 мај. Големото финале ќе се одржи на 13 мај.