Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинаа по 24-годишна врска.
Веста за разделбата ја пренесе Story.hr откако им ја сподели извор близок до парот. Веќе извесен период, 49-годишната пејачка и 45-годишниот пејач не живееле заедно.
Петар и Данијела се запознале во 1995 година и започнале да се состануваат две години подоцна. Тие никогаш не стапија во брак, но тврдеа дека врската им била преполна со разбирање, почит и емоции.
„Со Данијела во еден момент започнавме да живееме заедно и така во нашиот живот спонтано се вовлече чиста љубов. Сè беше спонтано. И кај нас секако е сè така веќе 20 години“.
„Луѓето со години нè прашуваат дали сме уште заедно и зошто не сме во брак. Само тоа нè прашуваат, а ние немаме одговор. Тоа нам ни е по малку смешно, бидејќи никогаш никој не нè прашува дали се сакаме, дали се почитуваме, дали се тепаме или се галиме. Најважно е да знаат дали сме венчани“ – рекол Грашо.