Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Партнерката на Џони Деп му забранила да снима со Џоли

Партнерката на Џони Деп му забранила да снима со Џоли

Анџелина Џоли и Џони Деп веќе неколку дена снимаат сцени од новиот филм „Туристот“ во Венеција. Но, не се знае дали снимањето ќе продолжи, затоа што долгогодишната партнерка на Деп, Ванеса Парадис, сакала да го повлече од проектот, откако дознала дека тој треба да снима жешка секс сцена со атрактивната Џоли.

Анџелина Џоли и Џони ДепАнџелина Џоли и Џони Деп на снимањето на филмот „Туристот“

„Парадис сè уште се обидува да го убеди Деп, со кој е во врска 12 години, да се откаже од проектот. Тој во моментот прави напори за да излезе од филмот, но не знам дали ќе успее. Веќе разговараат за да го биде заменет со Леонардо ДиКаприо или Бред Пит“ – близок на актерот изјавил за New York Post.

Во филмот, Анџелина Џоли глуми агент на Интерпол, кој треба да го заведе туристот Џони Деп. Американското списанието Life & Style тврди дека поседува копија на сценариото, според кое Џоли и Деп треба да снимат секси сцена под туш.

Парадис очигледно се плаши да не се повтори приказната од снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, за време на чие снимање Анџелина и Бред започнаа врска, иако тој беше во брак со Џенифер Анистон.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19699 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.