Анџелина Џоли и Џони Деп се во главните улоги во новиот филм „Турист“, којшто е исполнет со интрига, романтика и акција.
Веќе се појави и првиот трејлер во кој е прикажана страста што се развива помеѓу ликовите на Анџелина (Елис) и Џони Деп (Френк), додека околу нив постојано се случуваат мистериозни настани.
Филмот е сниман на локации во две од најромантичните држави во светот – Италија и Франција и се очекува да биде голем хит откако ќе ја доживее својата премиера на 10 декември оваа година.