Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Падна првата клапа од снимањето на филмот „Денот на жената“ во Скопје

Падна првата клапа од снимањето на филмот „Денот на жената“ во Скопје

Падна првата клапа од снимањето на филмот „Денот на Жената“ во режија на Гоце Цветановски!

Станува збор за социјално ангажиран крими трилер кој се фокусира на темата трговија со луѓе, со посебен акцент на насилството врз жените. Пораката на филмот е оптимистичка, дека сепак правдата е посилна од неправдата.

„Многу сум среќен што после толку труд, посветеност и работа, конечно ми се отвори можноста да работам долгометражен игран филм. Се надевам дека со овој филм ќе отвориме една нова димензија во македонската филмска индустрија, каде што комерцијалниот и уметничкиот дел ќе бидат подеднакво застапени. Исто така, очекувам темата да привлече голем интерес кај публиката, па и контроверзија поради својата ангажираност и провокативниот пристап. Воедно, би сакал да се заблагодарам на целата екипа, бидејќи филмот е тимска работа и засега од припремите можам со сигурност да најавам дека треба да очекувате нешто неочекувано“ - изјави режисерот, Гоце Цветановски.

Денот на женатаГрупа статисти во подготовка на сцена од првиот ден од снимањето

Директор на Фотографија е Фејми Даут, номиниран за Оскар со филмот „Медена Земја“, добитник на повеќе меѓународни признанија за најдобра фотографија, меѓу кои и престижната награда од Американската Асоцијација на Кинематографи.

Во главната женска улога е Слаѓана Вујошевиќ, позната по улогата на Биби, од „Сказните на Биби“, моментално најбрзо растечкиот детски бренд на Балканот.

Главните машки улоги ги толкуваат Муса Исуфи и Исмаил Касуми, актери во повеќе играни и кратки филмови со многубројни награди од меѓународни филмски фестивали.

Дел од актерскиот тим се и Катерина Коцевска, ветеран на македонската филмска и театарска продукција, Елени Декидис, бугарска актерка во подем позната по својата улога во една од најпопуларните ТВ серии во Бугарија, „All Inclusive“, како и Егзона Салиху, актерка која има одиграно многу улоги во театарски и ТВ серии во регионот.

Режисерот Гоце Цветановски студирал филмско сценарио и режија во Париз, Франција, каде живеел од 1998 до 2015 година. Има режирано и продуцирано околу 20 кратки филмови, прикажани на над 100 филмски фестивали во светот, освојувајќи бројни награди.

Денот на женатаРежисерот Цветановски во подготовки со Егзона Салиху, која ја глуми Емина.

Во 2015 година станува креативен директор на Lynx Animation Studios, најголемо студио за 2Д анимација на Балканот, и се враќа во Македонија каде што работи на првиот македонски долгометражен анимиран филм, научно фантастичната комедија „Јон Вардар против Галаксијата“.

Тој е исто така и режисер на најуспешната македонска анимирана ТВ серија со над 15 милиони прегледи на Јутјуб за помалку од две години, а во моментов и најбрзо растечки детски бренд на Балканот, „Сказните на Биби“.

Во 2016 година, го режира музичкиот спот „Cone of Shame“ за познатиот американски рок / метал бенд Faith No More. Видеото добива одлични критики од музички списанија низ целиот свет, вклучувајќи ги Ролинг Стоун, Метал Хамер, Консеквенс оф Саунд и многу други.

Филмот „Денот на жената“ ќе се снима на локации во Скопје и Куманово во текот на целиот месец октомври.

Официјален постер за „Денот на жената“Официјалниот постер за „Денот на жената“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21025 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.