Најпосле имаме можност да фрлиме поглед во новиот филм „Денот на жената“ во режија на Гоце Цветановски.
Објавен е првиот официјален тизер за возбудливиот трилер кој става фокус на трговијата со луѓе, присилната проституција и насилството врз жените.
„Мислам дека сме на добар пат да створиме филм кој истовремено ќе биде забавен за пошироката публика, а кој ќе носи во себе длабока човечка порака“ – изјави Цветановски додека траеше снимањето.
Видео:
Слаѓана Вујошевиќ ја има главната женска улога. Талентираната актерка ќе ја гледаме како истражувачка новинарка која се обидува да ја разбие мрежата и да ја разоткрие вистината.
Главните машки улоги им припаднаа на Муса Исуфи и Исмаил Касуми, многукратно наградувани актери од Кумановскиот театар.
Дел од актерскиот тим се и Катерина Коцевска, Елени Декидис, Егзона Салиху, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Мендим Муртези и Авни Далипи.
Директор на фотографија е Фејми Даут, кој оваа година беше номиниран за Оскар со филмот „Медена Земја“.
Филмот се снима со поддршка на Агенцијата за филм. Медиумски партнери на проектот се femina.mk, fakulteti.mk, skd.mk и Слободен печат.
Фото: Марко Угарковиќ и Маја Аргакијева