Опра е позната по својата дарежливост, а нејзината публика најдобро може да го потврди тоа. Во вториот дел од епизодата наречена „Омилени нешта“, таа им подари на сите од публиката нов автомобил VW Beetle.
275-те души присутни во студиото со врисоци и солзи на очите ги примија клучевите од своите нови автомобили.
Автомобилите кои ќе ги добијат среќните гости на Опра се нови модели кои треба да се појават наредната година, а во студиото на публиката им беше откриена само силуетата на новиот модел 2012 VW Beetle.
Во претходната епизода Опра им подари на присутните некои од нејзините омилени нешта како крстарење на Карибите, Sony телевизор од 3600 долари, Apple iPad, дигитална камера од 700 долари, обетки од сафир и сл.
„Не се работи за подароците. Иако навистина се забавни, според мене се работи за надежта. Да знаеш дека нешто навистина магично и радосно и прекрасно може да се случи кога најмалку го очекуваш“ – изјавила таа.
Ова е последната сезона од шоуто на Опра. Во врска со нејзината одлука да го напушти шоуто, таа изјавила: „Ова шоу е мојот живот и го сакам доволно за да знам кога е време да кажам збогум“.