Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Опра Винфри мами комплименти за видно ослабената фигура на чекор до 70-тата година

Опра Винфри мами комплименти за видно ослабената фигура на чекор до 70-тата година

На чекор до 70-тата година, Опра Винфри изгледа подобро отсекогаш.

Изминатиот период, 69-годишната водителка привлече големо внимание поради видно ослабената фигура и доби бројни комплименти.

Моментално, таа го промовира својот продуцентски филм „The Color Purple“, па затоа на премиерите кои се одржаа во неколку градови, Винфри носеше креации во виолетова боја.

Опра Винфри Опра Винфри Опра Винфри Опра Винфри Опра Винфри Опра Винфри Опра Винфри Опра Винфри Опра Винфри

Опра речиси целиот свој живот имала вишок килограми и сега признава дека ѝ дошло преку глава од злобните коментари за нејзиниот изглед.

Винфри откри дека во одреден момент од својот живот тежела 107 килограми, што било највисока цифра. Во 2015 година, таа одлучила да се придружи на „Weight Watchers“, компанија која им помага на лица со прекумерна тежина да ослабат и да одржуваат здрави навики со фитнес и правилна исхрана.

Во изминатите месеци, Опра успеала да симне 18 килограми и моментално тежи 75 килограми. Иако, во почетокот таа негираше дека зема таблети за дијабетес кои помагаат за слабеење, сега призна дека пие некакви таблети за да ја одржува тежината, но не откри за кои станува збор.

„Сега ги користам, бидејќи сметам дека ми требаат како помош да не постигнам јо-јо ефект“ – рекла Опра за People. Таа објаснила дека започнала да ги пие пред Денот на благодарноста, бидејќи знаела дека ја очекуваат две недели со пообилни оброци. „Наместо да се здебелам 3 и пол килограми како минатата година, јас покачив само половина килограм“ – појаснила Опра.

„Фактот што постои медицински одобрен рецепт за управување со тежината и останување поздрава, за мене е нешто како подарок, а не нешто што треба да се крие и да се исмева. Завршив со срамот од другите луѓе, а особено од себе“ – дополнила Опра.

Опра Винфри Опра Винфри Опра Винфри Опра Винфри Опра Винфри Опра Винфри

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20941 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.