Опра сè уште е на врвот на листата на најплатени жени во шоу-бизнисот. Според списанието Форбс, Опра Винфри со заработка од 290 милиони долари убедливо го држи првото место. Веднаш зад неа се наоѓа Лејди Гага со заработка од 90 милиони.
Но, иако Гага во текот на изминатава година заработила 200 милиони помалку од Опра, Форбс смета дека наскоро е можно ексцентричната пејачка да ја грабне круната.
Форбс предвидува дека ќе биде огромен предизвик за 57-годишната телевизиска ѕвезда да го зачува водството, бидејќи најголем дел од приходите на Опра доаѓаа од ток-шоуто кое заврши, а нејзината нова телевизија OWN не успева да постигне голема гледаност.
Од друга страна, популарноста на Лејди Гага не стивнува и нејзините бизнис потези досега скоро секогаш биле успешни. Така, нејзиниот најнов албум „Born This Way“ се продаде во милион примероци уште во првата недела по објавување.
Третото место на листата го доби телевизиската ѕвезда Бетани Франкел со заработка од 55 милиони долари. 40-годишната Франкел е креатор на брендот Skinnygirl, којшто неодамна го продаде за 120 милиони долари.
Со еднаква заработка од 45 милиони долари четвртото место го делат Тејлор Свифт, Жизел Бундхен, Елен Деџенерис и судијката Џуди Шејндлин.