Ријана продолжува со имиџот на лоша девојка. Откако оваа недела се распространија слики од нејзината фотосесија за насловната на списанието GQ, каде се појави топлес, Ријана сега својот имиџ на силна девојка го покажува во новиот спот за песната „Hard“.
Овој сингл е од нејзиниот нов албум „Rated R“, кој е во продажба од 23 ноември. Спотот е режиран од Melina Matsoukas, а во него се појавува и раперот Young Jeezy.
Во ова видео Ријана, која сега ја нарекуваат и принцеза на темнината, покажува секси војнички стил. На некои ќе им се допадне овој малку агресивен имиџ, на некои – не, но сите ќе се согласите дека нејзината облека наликува на стилот на Лејди Гага.