Адријана Лима има ново момче. Откако неколку дена уживаше во Црна Гора со ќеркичките и поранешниот сопруг, атрактивната Бразилка одлета во Турција за да се сретне со својата нова љубов.
Славната манекенка беше фотографирана додека се бакнуваше и држеше за рака со турскиот писател Метин Хара. Парот беше „уловен“ на аеродром, додека се упатуваше кон автомобил во Бодрум и за време на релаксирана средба на приватен имот.
ВИДЕО
Во интервју за турските медиуми, Хара ја потврди својата врска со ангелот на Victoria’s Secret. „Се сретнавме со Адријана во Истанбул во јуни. Сфативме дека имаме чувства еден за друг, но сè уште се запознаваме“ – изјавил тој.
Пред еден месец, Метин сподели фотографија со Лима и во описот напиша: „Среќен сум што запознав ваква скромна душа. Остани дива, остани слободна“.