Netflix ги објави првите фотографии од четвртата сезона на хит-серијата „Emily in Paris“.
Лили Колинс се враќа во главната улога на Емили Купер, која продолжува да ги освојува модните зависнички со своите стајлинзи. Во новата сезона, Емили одушевува во зимски модни комбинации кои нема да ги разочараат фановите.
„Задоволство ми е што КОНЕЧНО ги споделувам првите фотографии од четвртата сезона. Со секоја нова сезона доаѓаат нови модни избори, а и овој пат, зимскиот плакар на Емили нема да разочара. Се надевам дека сте исто толку возбудени за 15 август, колку што сум и јас“ – напиша Лили на Instagram.
„Четвртата сезона ги следи драматичните настани по свадбата на Камил (Камил Разат) и Габриел (Лукас Браво). Емили има чувства кон двајца мажи – Габриел и Алфи (Лусиен Лависконт), но Габриел очекува бебе со поранешната девојка, а најлошиот страв на Алфи за неа и Габрил ќе се оствари“ – стои во официјалното соопштение.