Фахрие Евџен и Бурак Озчивит го добија најубавиот подарок. На славните турски ѕвезди им се роди синче, кое го доби името Каран.
Ова е прво дете на 32-годишната актерка и 34-годишниот актер кои се верија во март 2017 година, а стапија во брак во јуни истата година.

Бебето се родило тешко 3,6 килограми и долго 52 сантиметри. За време на породувањето, Бурак бил покрај Фахрие.

Фахрие е позната по улогата на Неџла од „Кога лисјата паѓаат“, а Бурак по улогите на Кемал во „Карасевда“ и Бали-бег во „Величествениот“.

