Фахрие Евџен и Бурак Озчивит со нетрпение го очекуваат доаѓањето на овој свет на нивното прво дете. Турските актери, познати по улогите на Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“ и Кемал од „Карасевда“, наскоро ќе станат родители на момче.
Убавата актерка на Instagram сподели слатки фотографии на кои си го гали трудничкото стомаче. На друга фотографија пишува: „Те чекам тебе, мој ангелу“, а долу стои името на нивното неродено синче – Каран.



Фахрие и Бурак се венчаа во јуни 2017 година.



