На годинешните MTV VMA, Џенифер Лопез беше почестена со „Michael Jackson Video Vanguard Award“, награда која им се доделува на артисти со особен придонес во музичката и филмската индустрија.
За време на манифестацијата, од публиката таа ја доби поддршката од близначињата Макс и Еми, мајка ѝ Лупе и нејзиниот сакан Алекс Родригез.
На фотографиите направени „под сцената“, 49-годишната ѕвезда ги бакнува своите деца и со широка насмевка позира со најблиските.
Лопез им се заблагодари на саканите во емотивен говор.