Викторија Бекам го прослави својот 43. роденден и доби прекрасни честитки од своето семејство, пријателите, па дури и од папараците.
Најслатката честитка доаѓаше од нејзината 5-годишна ќеркичка Харпер, која ѝ ја испеа песната „Happy Birthday“. Видеото од неодоливото девојче го сподели самата Викторија на својот профил на Instagram.
Дејвид Бекам сподели фотографија од поранешната членка на Spice Girls и напиша: „Среќен роденден на една неверојатна мајка, сопруга и пријателка. Те сакаме. Имај прекрасен ден.“
Нејзиниот 14-годишен син Ромео објави заедничка фотографија, во чиј опис стои: „Мамо, те сакам многу и се надевам дека ќе го имаш најубавиот ден во животот!!! Ти си најневеројатната мајка и ти си совршена во секој поглед. Обожавам што ме смееш секој ден и без разлика што и да се случува, ти секогаш изгледаш среќна. Те сакам до месечината и назад“.

И 12-годишниот Круз не пропушти да објави фотографија за специјалниот ден на неговата славна мајка.
Погледнете видео во кое папараците ѝ пеат на славната дизајнерка за големиот ден.