Лара Иванова е дел од младите ѕвезди кои ја збогатуваат нашата музичка естрада. Талентираната пејачка синоќа беше прогласена за Најперспективна пејачка и се закити со награда на „Златна бубамара на популарноста“.
„Благодарам на Златна Бубамара за оваа награда, навистина многу ми значи. Благодарност до сите мои соработници и до сите оние кои ми дадоа можност да се покажам и докажам. Благодарност до мојата публика која од мојот почеток е моја поддршка. Многу ви благодарам, многу ми значи. Очекувајте уште многу нова музика од мене. Слушајте македонска музика и поддржувајте македонски артисти“ – порача Лара во својот говор.
На сцената, таа се појави во атрактивен син комбинезон и ја испеа својата песна „Некогаш ќе помине“.
Фотографии: Александар Буневски и Кристина Нановиќ / Femina.mk