Ирена Спировска беше поканета на овогодишното издание на „Златна бубамара на популарноста“ за да додели две специјални награди за животно дело.
На манифестацијата во „Борис Трајковски“, македонската водителка изгледаше гламурозно во долга вечерна тоалета. Таа беше придружувана од својот партнер.
Ирена им ги врачи наградите за животно дело на Ефто Пупиновски и Блага Петреска.
Овогодишното издание на манифестацијата се одржа под мотото „Да штедиме, и да не се штедиме“.
Фотографии: Александар Буневски и Кристина Нановиќ / Femina.mk