Доајените на македонската народна песна, Ефто Пупиновски и Блага Петреска, беа наградени на 26-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“.
Синоќа, на сцената во „Борис Трајковски“, ним им беа доделени специјалните награди за животно дело.
„Благодараност до убавата македонска песна, која нè поддржува и во доброто и во злото и е наша духовна храна. Да живее нашата убава македонска песна“ – рече Ефто во својот говор, а Блага додаде „Песната може сè“.
Откако одржаа говори за да им се заблагодарат на семејствата и на тимот на „Златна бубамара“, македонските легенди настапија на сцената со „Песната може сè“.