Неколку дена пред доделувањето на престижните награди Оскар, Натали Портман објави дека нема да присуствува на манифестацијата. Сега е јасно зошто.
35-годишната актерка се породи четири дена пред Оскарите и роди здраво девојче кое го доби името Амалија.

„Мајката и бебето се среќни и здрави“ – пишува во соопштението за јавноста.
Натали се очекуваше да присуствува на Оскарите, бидејќи беше номинирана за наградата Најдобра актерка за филмот „Jackie“.



Холивудската ѕвезда и францускиот танчар и кореограф Бенџамин Мијипје се запознаа во 2009 година на снимањето на филмскиот хит „Black Swan“ во кој Натали ја имаше главната улога, а Бенџамин беше кореограф. Тие стапија во брак во август 2012 година и се родители на 5-годишниот Алеф.

