Натали Портман со лежерна фотосесија застана во центарот на февруарското издание на „Marie Claire“. За едиторијалот, 35-годишната актерка позираше пред објективот на фотографот Мет Џонс.
Во интервјуто за списанието, славната Израелка зборуваше за разликата во заработката помеѓу мажите и жените во Холивуд.

Портман откри дека Ештон Кучер заработил трипати повеќе отколку што заработила таа за нивниот заеднички филм „No Strings Attached“, кој во 2011 година беше вистински хит.
„Ештон Кучер беше платен трипати повеќе од мене за „No Strings Attached“. Јас знаев за тоа, но сепак прифатив, бидејќи постои нешто со „квотите“ во Холивуд. Не бев толку лута колку што требаше да бидам. Мислам, ние заработуваме многу, па затоа е тешко да се жалам. Но, разликата е огромна“ – рекла таа.



Ова не е првпат Натали да зборува за овој проблем за истото списание. Во 2015 година, таа изјави: „Постои огромна разлика помеѓу жените и мажите во Холивуд. Титаник беше голем хит и Леонардо Дикаприо веднаш достигна до 20 милиони долари од филм, но не и Кејт Винслет. Но, изгледа дека тоа се менува сега“.
Преку објава на Twitter, Кучер сподели дека се гордее со Портман и со сите жени кои цврсто се борат за да ја израмнат разликата во заработката.
So proud of Natalie and all women who stand up for closing the gender pay gap! https://t.co/AV1uYY6KIe
— ashton kutcher (@aplusk) January 11, 2017
