Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Моќта на простувањето: Хју Џекман ја прегрнува мајка си која го напушти како дете

Моќта на простувањето: Хју Џекман ја прегрнува мајка си која го напушти како дете

Хју Џекман порасна без мајчинска топлина, бидејќи неговата мајка го напуштила уште кога имал само осум години. Но, славниот актер пронајде сила да ѝ прости на жената која го родила.

52-годишниот холивудски шармер сподели фотографија на која ја прегрнува својата мајка Грејс. На неа, и двајцата се гледаат еден со друг со искрени насмевки на лицата.

Во изминатите години, Џекман неколкупати има зборувано за семејната состојба и напуштањето од страна на мајка си го нарекуваше трауматично. „Беше трауматично, се надевав дека ќе се врати еден ден“ – изјавил Хју, кој бил одгледан од неговиот татко.

Родителите на Хју биле мигранти во Австралија, но поради непознати причини, неговата мајка одлучила да ги напушти и се вратила повторно во Англија.

Во интервју во 2012 година, Хју проговори за утрото кога заминала неговата мајка. „Се сеќавам дека нејзината коса беше завиткана со крпа и одеше низ куќата и се збогуваше. Тоа веројатно беше нејзиниот начин да каже збогум. Потоа јас отидов во школо и кога се вратив, немаше веќе никој дома. Следниот ден пристигна телеграма од Англија. Мајка ми беше таму. И тоа беше тоа. Татко ми се молеше секоја вечер за мајка ми да се врати“ – раскажал Џекман.

Хју вели дека има разбирање на состојбата во која била мајка му и за нејзината одлука да замине. „Знам дека можеби звучи чудно, но никогаш не почувствував дека мајка ми не ме сака. Оттогаш имам разговарано многу со неа и знам дека не ѝ беше лесно. Таа беше во болница по моето раѓање од постнатална депресија. Не наоѓаше поддршка тука“ - сподели тој.

Џекман

„Многу деца растат во тешки семејни услови и јас не се сожалувам себеси што и мојот случај беше таков“ – вели тој. „Татко ми е мојата карпа. Од него научив сè за лојалноста, сигурноста, да се биде таму за најблиските без разлика на сè. Семејството е секогаш важно“ – додава Џекман.

Џекман има две сестри и двајца браќа. По преселувањето на нивната мајка, девојките заминале да живеат со неа, а момците останале со татко им.

Џекман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20557 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.