Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес го имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд.
Во интервју за People, филмската ѕвезда отворено зборуваше за љубовта и поврзаноста со саканата Деб.
„Јас буквално сум возрасната личност во оваа врска. Од моментот кога се запознавме таа беше како мало дете, забавна, енергична, спонтана. Отсекогаш сум верувал дека во бракот, знаеш дека ќе има многу подеми и падови. Имаше огромни подеми и огромни падови. Една од среќните околности во мојата кариера е што започна доцна и јас и Деб веќе бевме заедно, тим, лудо вљубени, буквално пред да започне сето тоа. Нашиот приоритет е семејството и ние сме еден покрај друг без оглед на сè“ – изјавил Џекман.
„Ако ме гледате, дури и на Оскарите, излегувам и ја ставам раката на срцето и секогаш гледам во Деб во публиката. Веднаш потоа, не сакам да видам никој друг во соблекувалната, сè додека не дојде Деб. Бидејќи тоа е мојата основа, тоа е карпата. Tоа е основата на нашата фамилија, а со тоа и на мојот живот. Сè друго е она што се случува на површината, но под површината каде што е реално, мирно и длабоко, тоа е љубовта која ја имам за Деб“ – додал тој.
Хју и Дебора-Ли се запознале на снимањето на серијата „Correlli“ во 1995 година. Тие стапија во брак на 11 април 1996 година. По два спонтани абортуси, парот посвои две деца, Оскар, кој сега има 17 години, и Ава, која има 12 години.
Пред неколку години, Џекман отворено зборуваше за борбата со неплодноста и посвојувањето: „Да бидеме јасни, јас отсекогаш сакав да посвојам. Тоа секогаш беше наш план. Не знаевме кога ќе се случи, но биолошки се обидовме да имаме деца и тоа не се случи. Поминавме низ ин витро и Деб имаше неколку спонтани абортуси. Никогаш нема да го заборавам спонтаниот абортус, тоа се случува на една од три бремености, но многу, многу ретко се зборува за тоа.“
Деновиве, Хју и Деб беа заедно на премиера во Сиднеј и беа фотографирани со двете деца.