Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Среќни заедно и по 2 децении во брак: 49-годишниот Хју Џекман со 62-годишната сопруга Дебора на балот МЕТ

Среќни заедно и по 2 децении во брак: 49-годишниот Хју Џекман со 62-годишната сопруга Дебора на балот МЕТ

Хју Џекман и Дебора Ли-Фернес се во брак повеќе од 22 години, но хемијата меѓу нив сè уште постои. Славниот пар синоќа зачекори во елегантно издание на црвениот тепих пред музејот на уметноста „Метрополитен“.

62-годишната актерка и продуцентка носеше црна готска креација и накит од Лорејн Шварц, а 49-годишниот актер избра црн костум.

Хју Џекман и Дебора Ли-Фернес Хју Џекман и Дебора Ли-Фернес Хју Џекман и Дебора Ли-Фернес Хју Џекман и Дебора Ли-Фернес

Џекман сподели фотографија на Instagram и напиша: „Вечерен состанок на епско ниво“.

Хју и Дебора се запознаа во 1995 година на снимањето на австралиското ТВ шоу „Correlli“. Тие стапија во брак една година подоцна. По два спонтани абортуси, познатиот пар посвои две деца, Оскар и Ава.

Пред неколку години, Џекман отворено зборуваше за борбата со неплодноста и посвојувањето: „Да бидеме јасни, јас отсекогаш сакав да посвојам. Тоа секогаш беше наш план. Не знаевме кога ќе се случи, но биолошки се обидовме да имаме деца и тоа не се случи. Поминавме низ ин витро и Деб имаше неколку спонтани абортуси. Никогаш нема да го заборавам спонтаниот абортус, тоа се случува на една од три бремености, но многу, многу ретко се зборува за тоа.“

Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20540 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.