Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес беа гламурозен холивудски пар на овогодишното издание на балот МЕТ, посветено на покојниот Карл Лагерфелд.
54-годишниот актер од „The Wolverine“ носеше костум од Zegna, додека 67-годишната актерка и продуцентка изгледаше младолико во креација од Tom Ford.
Хју и Дебора го имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд. И покрај разликата во години и покрај проблемите со неплодноста и спонтаните абортуси, парот остана заедно и оваа година ја прослави 27-годишнината од венчавката.