Вчера се појави првата реклама на Тајгер Вудс по неговото повеќемесечно отсуство од медиумите. Рекламата, зад која стои компанијата Nike и која од многумина е оценета како морничава, предизвика голем интерес кај јавноста.
Во краткото црно-бело видео се појавува Тајгер Вудс и гледа директно во камерата без да зборува, а во позадина се слуша гласот на неговиот починат татко кој му вели:
“
Тајгер, јас сум посклон да бидам љубопитен, да поттикнувам дискусија. Сакам да дознам што си мислеше. Сакам да знам какви се твоите чувства. И дали научи нешто?
Тајгер Вудс последните неколку месеци постојано ги полни насловните страници на светските медиуми, откако беше откриено дека ја изневерувал својата жена со повеќе од 10 љубовници. За скоро време тој ќе се појави на голф терените за да ја продолжи својата кариера.
Во меѓувреме, многу големи спонзори ги раскинаа договорите со него, а Nike е една од ретките компании што му даваат голема поддршка во овој период од неговиот живот.
Нема сомнеж дека желбата за привлекување на внимание е главната причина за појавата на оваа реклама. Но, како тоа ќе се одрази тоа на имиџот на брендот Nike, сè уште не е јасно.