Тајгер Вудс и Елин Нордгрен официјално се разведоа. Парот којшто долго време ги полнеше насловните страници на странските медиуми објави соопштение со кое го потврди разводот.
На официјалниот сајт на Тајгер пишува: „Тажни сме што нашиот брак заврши и си посакуваме еден на друд сè најдобро за во иднина“.

Адвокатите на Тајгер и Елин не откриваат детали од спогодбата, но се претпоставува дека Елин добила 100 милиони долари.
Бракот на Тајгер и Елин несомнено се распадна откако повеќе од 10 жени признаа дека имале афери со познатиот спортист.
Погледнете ги љубовниците на Тајгер »
По огромниот притисок од медиумите и изјавите дадени од неговите љубовници, Тајгер јавно призна дека многукратно ја изневерувал својата жена и побара прошка.
Елин Нордгрен е ќерка на позната шведска политичарка Barbro Holmberg и новинарот Thomas Nordegren. Пред да замине за Америка била модел, но никогаш не ја сакала таквата кариера. Во моментов таа има две деца со познатиот голфер.
Тајгер Вудс е професионален голфер, чии постигнувања го поставуваат помеѓу најдобрите играчи на голф на сите времиња. Тој е и најплатениот спортист на светот за изминатава година со приходи од 110 милиони долари. Тајгер и Елин стапија во брак на 5 октомври 2004 година.