Уште еден славен спортист не успеа да остане верен на својата сопруга. По големите секс скандали на Тајгер Вудс и Ешли Кол, коишто завршија со разводи, и на познатиот фудбалер Вејн Руни му се заканува слична судбина.
Англискиот репрезентативец многукратно ја изневерувал својата сопруга со проститутка, дури и во периодот кога taa била бремена со нивното прво дете.
Британските таблоиди успеаја да обезбедат и интервју со 21-годишната Џенифер Томсон, која тврди дека седум пати била в кревет со Руни.
Џенифер, којашто го опишува сексот со Руни како досаден, добивала по 1200 фунти за секоја помината вечер со него. А Руни не само што не чувствувал грижа на совест, туку и ја канел својата „љубовница“ во неговиот семеен дом додека неговата сопруга Колин била отсутна. Но, Џенифер одбила.
„Ако се прашувам јас, едно е да му платиш на девојка за да има секс со тебе. Но, да му платиш на девојка да дојде во твојот семеен дом кога твојата бремена госпоѓа е излезена е премногу. Особено ако знаеш дека лесно можеш да одиш на друго место за да го добиеш она што го сакаш“ – изјавила Џенифер.
Откако приказната излегла во јавност, Вејн Руни не успеал да ја погледне в очи својата сопруга и да ја предупреди за скандалот, туку ѝ пратил SMS порака додека таа била на фризер да се подготвува за семејна прослава.
Бракот на Вејн и Колин Руни е во криза и самиот фудбалер го признал тоа пред своите пријатели. „Животот ми е разрушен. Ќе направам сè бракот да ни успее“ – признал тој.