Милијардерот Тајгер Вудс вчера за прв пат се појави пред јавноста, по големиот скандал во кој беше обвинет дека имал афера со повеќе од 10 љубовници.
Внимателно создадената сцена му помогна на големиот голфер да си ги насолзи очите и да изгледа поубедлив додека многукратно им се извинуваше на својата сопруга, најблиските и спонзорите.
Вудс изјавил дека многу му е жал: „Сакам на секој од вас да му кажам дека длабоко жалам за моето непромислено и себично однесување... Престанав да живеам според вредностите во кои бев учен да верувам. Знаев дека моите постапки се грешни, но се убедив себе си дека за мене не важат нормалните правила.“
„Мислев дека можам да се извлечам од сè што ќе посакам и дека заслужувам да уживам во искушенијата околу мене. Згрешив.“
Освен зборовите со кои бара прошка од својата жена, најблиските, обожавателите и спонзорите, Тајгер го најави и своето враќање во спортот, само што не посочи кога ќе биде тоа.
Дали и колку луѓе му поверуваа на вештачката роботска пресконференција – не се знае.