Организаторите, играчите и сите присутни на Супер Боул му оддадоа почит на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и на сите кои го изгубија животот пред една недела и им изразија сочувство на нивните блиски.
Пред да започне големото финале во Мајами, на екранот беше прикажана фотографија од Коби и Џиана заедно со имињата на сите загинати во хеликоптерската несреќа. Додека сите молчеа и тагуваа, играчите од двете екипи стоеја на 24 јарди на својот дел од теренот во чест на бројот 24, кој Брајант го носеше на својот дрес во Лејкерс.
„Дами и господа, ве молам придружете се во моментот на молчење додека го изразуваме нашето најдлабоко сочувство на пријателите и семејствата на оние кои ги загубивме изминатава недела... Тие никогаш нема да бидат заборавени“ – одекнуваше на стадионот.
Видео
Both teams line up at opposite 24-yard-lines to honor Kobe Bryant before #SBLIV pregame festivities. pic.twitter.com/A1bM5gBlDp
— USA TODAY Sports (@usatodaysports) February 2, 2020
За време на загревањето пред натпреварот, голем број од играчите носеа копачки со кои ѝ оддадоа почит на прерано починатата кошаркарска легенда.
Претходно, Џенифер Лопез зборуваше за големата загуба на настан за Супер Боул.
Видео
Коби и неговата ќерка Џиана ги загубија своите животи во хеликоптерска несреќа во Калабасис, Калифорнија, на 26 јануари.