Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Модната бунтовничка која се закити со Оскар, а не доби аплауз од дел од славните гости

Модната бунтовничка која се закити со Оскар, а не доби аплауз од дел од славните гости

Манифестацијата по повод доделувањето на Оскарите ги кани гламурот, елеганцијата и екстравагантноста во Долби Театарот во Холивуд. Костимографката и Оскаровка Џени Беван е модна бунтовничка која одлучи да се чувствува комотно за време на филмската церемонија и се појави во мошне лежерна комбинација.

Низ годините, Џени десет пати беше номинирана од Академијата за филмски уметности и науки во категоријата Најдобра костимографија, а оваа година таа ја прослави својата втора победа за дизајнот на костимите за „Mad Max: Fury Road“.

Џени Беван

Кејт Бланшет ѝ ја предаде златната статуетка на талентираната костимографка. Во видео, снимено додека таа чекори кон сцената за да ѝ биде врачена наградата, дел од славните гости ја меркаат од глава до пети и не ѝ аплаудираат.

Видео

Беван објаснила дека и покрај тоа што е задолжена за облеката на врвни холивудски ѕвезди, таа смета дека изгледа смешно во фустан. „Што се однесува до мене, јас сум навистина дотерана. Навистина не носам фустани и апсолутно не носам штикли. Едноставно не можам да ги носам, бидејќи имам болки во грбот. Изгледам смешно во убава тоалета и ова беше во чест на Mad Max“ – изјавила Џени. „Отсекогаш сум била прилично бунтовна и анархична со својот сопствен слободен стил“ – додала таа.

Џени Беван Џени Беван Џени Беван Џени Беван Џени Беван Џени Беван Џени Беван

Беван ја доби својата прва оскаровска статуетка во 1987 година за филмот „A Room with a View“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20927 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.