Најпрестижната холивудска манифестација оваа година ќе се одржи на 28 февруари. За само неколку дена ќе дознаеме во чии раце ќе завршат златните статуетки Оскар.
Категоријата за Најдобра оригинална песна оваа година ја исполнија пет песни. Слушнете ги музичките дела кои ќе се борат да стигнат до посакуваната статуетка и изберете која од нив според вас заслужува Оскар.
„Earned It“ од „Fifty Shades of Grey“
The Weeknd ја исполни песната која беше една од најслушаните во изминатата година. „Earned It“ е една од шеснаесетте песни од саундтракот на „Fifty Shades of Grey“.
„Writing's On The Wall“ од „Spectre“
„Writing's On The Wall“ стои меѓу музичките дела на Сем Смит, а беше снимена за најновиот филм кој ја раскажуваше приказната за Џејмс Бонд – „Spectre“.
„'Til It Happens To You“ од „The Hunting Ground“
Лејди Гага ја сними „'Til It Happens To You“ и ја посвети на жртвите на силување. Документарниот филм „The Hunting Ground“ е фокусиран на силувањето во студентските домови во САД.
„Simple Song #3“ од „Youth“
Јужнокорејката Суми Џо е заслужна за извонредниот вокален дел од „Simple Song #3“, додека за текстот и композицијата заслужен е Дејвид Ленг.
„Manta Ray“ од „Racing Extinction“
Англичанецот Ентони Хегарти го напиша текстот и ја испеа песната за документарниот филм „Racing Extinction“, а за музичкиот дел од истата се погрижи Џош Ралф.