Пред само неколку часа се спуштија завесите на најгламурозната холивудска манифестација. Како и секоја година, доделувањето на престижните награди Оскар се одржа во Долби Театарот во Холивуд.
Крис Рок ја забавуваше публиката за време на неколкучасовното наградување на најдобрите кои изминатата година се истакнаа во филмскиот свет.
„Spotlight“ беше прогласен за Најдобар филм, а ја доби и наградата за Најдобро оригинално сценарио.
Леонардо Дикаприо сосем очекувано се закити со својата прва златна статуетка за Најдобар актер за филмот „The Revenant“. За Најдобра актерка беше изгласана Бри Ларсон за улогата во филмот „Room“.
Алехандро Ињариту втора година по ред ја понесува со себе статуетката за Најдобар режисер.
Статуетката за Најдобар актер во споредна улога одлета кај Марк Рајленс за „Bridge of Spies“, а за Најдобра актерка во споредна улога беше избрана Алисија Викандер за „The Danish Girl“.
„Amy“, филмот кој ја раскажа приказната за прерано починатата Ејми Вајнхаус, доби златна статуетка за Најдобар документарен филм. Дизниевиот „Inside Out“ беше прогласен за Најдобар анимиран филм.
Сем Смит гордо ја прими наградата за Најдобра песна за „Writing’s On The Wall“ – насловната нумера за „Spectre“.
„Mad Max: Fury Road“ победи во шест категории меѓу кои за Најдобар дизајн на костими и Најдобра шминка и фризура.
Листа на победници
Best Picture: „Spotlight“
Best Director: Alejandro González Iñárritu — „The Revenant“
Best Actor: Leonardo DiCaprio — „The Revenant“
Best Actress: Brie Larson — „Room“
Best Supporting Actor: Mark Rylance — „Bridge of Spies“
Best Supporting Actress: Alicia Vikander — „The Danish Girl “
Best Original Screenplay: „Spotlight“ — Josh Singer and Tom McCarthy
Best Adapted Screenplay: „The Big Short“
Best Animated Feature Film: „Inside Out“
Best Foreign Language Film: „ Son of Saul“ — László Nemes
Best Documentary — „Amy“
Best Documentary — „A Girl in the River: The Price of Forgiveness“
Best Live Action Short Film: „ Stutterer“
Best Animated Short Film: „Bear Story“
Best Sound Editing: „Mad Max: Fury Road“
Best Sound Mixing: „Mad Max: Fury Road“
Best Production Design: „Mad Max: Fury Road“
Best Cinematography: „The Revenant“
Best Makeup and Hairstyling: „Mad Max: Fury Road“
Best Costume Design: „Mad Max: Fury Road“
Best Film Editing: „Mad Max: Fury Road“
Best Visual Effects: „Ex Machina“
Best Original Song: „Writing’s On The Wall“ — „Spectre“