Престижната манифестација, на која Академијата за филмски уметности и науки ги наградува најуспешните во филмската индустрија, секоја година ја заслепува публиката со својот сјај.
На 28 февруари ќе се одржи 88. издание на Оскарите во Долби Театарот во Калифорнија, а засега можеме само да ѕирнеме како ќе изгледа гламурозната сцена на свеченоста.
За дизајност на сцената, четврта година по ред е ангажиран дизајнерот Дерек МекЛејн, кој за овогодишното доделување на академските награди се инспирирал од холивудскиот гламур во 70-тите години. „Мојата инспирација навистина дојде од прекрасните филмови од 1970-тите години, што ми е еден од омилените периоди. Навистина се забавував играјќи си со таквите дизајни за шоуто“ – изјавил МекЛејн.
Околу 1.600 часа биле потрошени за да се финишира кристалната сцена декорирана со 200.000 сваровски кристали.
Крис Рок ќе биде водител и ќе ги забавува славните гости на церемонијата.