Селин Дион е на промотивна турнеја во САД за новиот албум „Courage“, кој беше објавен денес.
51-годишната музичка дива експериментираше со изгледот, променувајќи седум стајлинзи за време на нејзините промотивни настани и гостувања во емисии во Њујорк.
Селин се упати во студиото на Џими Фелон „The Tonight Show“ облечена во бордо монохроматска комбинација од Том Форд.
Во студиото на Енди Коен, таа пристигна во тексас сако и фармерки од Роналд ван дер Кемп.
Дион беше гостинка во емисијата „Watch What Happens Live“, за која се пресоблече во металик стајлинг од брендот Родарте.
Папараците ја уловија Селин на крајот од вчерашниот ден во бежово-црн аутфит.
Претходниот ден, во Големото јаболко, познатата оскаровка зачекори во уште три впечатливи аутфити.
Синиот стајлинг е од колекцијата есен/зима 2019 на Макс Мара.
Мантилот со цветови на Дион е од колекцијата есен/зима 2019 на Марк Џејкобс.
Црно-белата бунда во која Селин беше на пазарување низ бутиците во Њујорк е од колекцијата есен 2019 на Сен Лоран.