Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Многу ми е жал“: Аријана Гранде со емотивна порака по терористичкиот напад на нејзин концерт во кој загинаа 22 лица

„Многу ми е жал“: Аријана Гранде со емотивна порака по терористичкиот напад на нејзин концерт во кој загинаа 22 лица

Аријана Гранде не можеше да си ја сокрие тагата и испрати емотивна порака на Twitter со сочувство за жртвите во терористичкиот напад кој синоќа се случи непосредно по завршувањето на нејзиниот концерт во Манчестер арената во Манчестер.

Досега е познато дека 22 лица, меѓу кои и деца, го загубија животот, а 59 се повредени откако бомбаш-самоубиец детонирал експлозивна направа во фоајето.

23-годишната пејачка ги одложи останатите концерти од својата европска турнеја и на Twitter напиша: „Скршена сум. Од дното на моето срце, многу, многу ми е жал. Немам зборови“.

Аријана Гранде

Менаџерот пак на музичката ѕвезда објави Instagram порака во која се вели: „Вечерва, срцата ни се скршени. Зборовите не можат да ја опишат нашата тага за жртвите и семејствата засегнати од овој бесмислен напад. Тагуваме за животите на децата и саканите лица кои беа одземени со овој кукавички чин. Ве молиме да ги чувате жртвите, нивните семејства и сите засегнати во вашите срца и во вашите молитви“.

Аријана Гранде Аријана Гранде Аријана Гранде Аријана Гранде

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19887 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.