Сандра Булок како да го знае еликсирот на младоста. Холивудската актерка блесна на црвениот тепих на Оскар.
53-годишната ѕвезда шармираше во црно-златен фустан од Луј Витон. Во својот стајлинг, Сандра додаде и дијамантски накит од Лорејн Шварц.
Булок му ја додели наградата за Најдобра кинематографија на Роџер А. Декинс за филмот „Blade Runner 2049“.